fbpx

Urban Nutrition

Бенефити од користење на протеинските прашоци од козјо млеко

Козјото млеко е најчесто користениот млечен продукт на светот, со исклучок на САД и Европа каде што е фаворизирано кравјото млеко. Сепак, доколку сакате поздрава алтернатива на кравјото млеко, козјото млеко е совршената опција. Содржи многу поголема количина на есенцијални хранливи материи во споредба со кравјото и растителните млека (како соино, бадемово, кокосово и други). Козјото млеко како и нашите моќни протеински прашоци од најквалитетно козјо млеко имаат бројни здравствени бенефити токму поради својот нутритивен состав, лесната сварливост и подносливост.

  • Добри се за кожата

Козјото млеко содржи витамин А, за кој е докажано дека благопријатно дејствува врз кожата, правејќи ја посјајна и поздрава. Пробиотиците од козјото млеко дополнително придонесуваат за развој на нормалната кожна микрофлора, спречувајќи ги на тој начин акните и посериозните кожни инфекции.

  • Полесни се за дигестија

Процентот на масти во козјото и кравјото млеко е сличен, но масните глобули во козјото млеко се помали во димензии, и со тоа се многу полесно преработливи од страна на нашето тело. Исто така, козјото млеко содржи помалку лактоза во споредба со кравјото, така што е подобро подносливо за лицата кои имаат лактозна интолеранција. Освен тоа, има студии кои докажале дека козјото млеко ја подобрува абсорпцијата на нутриенти, како што се железо, калциум, магнезиум и фосфор.

  • Зголемување на бројот на крвни плочки

Присуството на селен во козјото млеко може да го зголеми бројот на крвните плочки (тромбоцити) кај состојби на тромбоцитопенија и дефицит на селен настанати после потешки инфекции.

  • Превенција на атеросклероза

Атеросклерозата ги зафаќа крвните садови кои носат кислород и нутриенти до и од ткивата, и е предуслов за развој на сериозни кардиоваскуларни компликации како срцев и мозочен удар. Козјото млеко содржи помала количина на ензимот ксантин оксидаза, кој учествува во создавањето на мочната киселина и има улога во создавањето на атеросклеротичните плаки во крвните садови

  • Намалување на нивото на холестерол

Студиите покажале дека козјото млеко предизвикува зголемена билијарна секреција на холестерол и намалување на неговата концентрација во плазмата. Причината е тоа што козјото млеко содржи масни киселини со средно долг ланец (30-35% наспроти 15-20% кај кравјото млеко). Друг позитивен ефект е зголемувањето на нивото на добриот холестерол (ХДЛ) , и со тоа дополнително помага во одржување на здрав кадриоваскуларен систем, како и одржување на функцијата на црниот дроб.

  • Превенција на анемија

Лицата со анемија треба да конзумираат козјо млеко и негови продукти. Козјото млеко е богато со железо, калциум, магнезиум и фосфор, кои нашето тело лесно ги апсорбира. Освен што може да го зголеми нивото на железо кај феродефицитната анемија, козјото млеко овозможува подобро искористување на железото, како и поттикнување на создавање на нови црвени крвни клетки (еритроцити).

  • Содржи помалку алергени

Повеќето од оние кои се интолерантни на кравјо млеко, всушност се сензитивни на еден од протеините кои се наоѓаат во него (А1 казеинот) и не можат да го сварат. Освен тоа, кравјото млеко содржи и преку 20 алергени кои може да предизвикаат реакција кај некои лица, особено кај децата. За разлика од него, козјото млеко содржи исклучиво А2 казеин, и со тоа е најслично со мајчиното млеко. Затоа е далеку поподносливо за нашиот организам, а содржи далеку помалку алергени.

  • Превенција на остеопороза

Калциумот, минерал кој го има во козјото млеко, е есенцијален за многу аспекти на нашето здравје, но особено е битен за одржување на здрави коски. Всушност, 99% од калциумот во нашето тело се наоѓа во  нашите коски и заби. Калциумот ја зголемува коскената густина и спречува појава на болести на мускулноскетелниот систем, како што е остеопорозата.

  • Овозможува зголемување на мускулната маса

Протеините од козјото млеко се идеални за здраво покачување на мускулната маса. Тие се лесно сварливи, што значи дека се лесно достапни за организмот и се покажале  како доста корисни за здраво покачување на телесната маса кај неухранети деца, особено во зголемувањето на мускулната компонента. Кај здрави и физички активни лица, козјото млеко и протеинскиот прашок добиен од него се идеален додаток за здрава, избалансирана и енергетки и нутритивно богата исхрана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *